Директорот на државната новинска агенција МИА, Драган Антоновски беше говорник на трибината „Агенда 20 – 24“. Ова не би било ништо невообичаено ако не се знае дека оваа трибина е организирана од страна на СДСМ а темата е отворената власт и положбата на медиимите.
Јавноста е револтирана што директор на државната агенција зборува на партиска трибина на која покрај него како говорници се првите луѓе на СДСМ како Забрчанев, Поповски и Коста Петров.
Незадоволството е уште поголемо ако се знае каков став имаше СДСМ кога беше во опозиција и кога критикуваа за се и сешто и трубеа дека нема слобода на медиумите. Се критикуваа т.н владини реклами во медиумите а во овие три години медумите како никогаш досега се под контрола на власта. Згора на тоа, власта најави и помош за медиумите, посебно за печатените, надевајќи се дека на тој начин ќе ја има и контролата.

Вчера говорниците на СДСМ уверуваа дека слободата во медиумите се чуствувала на секој чекор и оти тоа можело сите да го забележат.
Прашајте го таксистот, пазарџијата, административецот – сите потврдуваат дека живееме во слобода-рече Забрчанец на трибината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.