Во текот на денот, кандидатот за пратеник полковникот Драган Ковачки, кој е на листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, го замрзна работниот однос со Министерството за одбрана. Тој повика на фер плеј, односно бара и Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, да го стори истото. Шекеринска да се откаже од месечните примања и да не ги користи државните ресурси за партиски предизборни цели.

-Ваквиот начин на разбирање на политиката е тоа што и треба на Македонија и само со вакви европски вредности можеме да ја приближиме Македонија до Европа –  вели Ковачки.


Тој во писмото наведува дека од етички причини е пожелно тоа да го стори и Шекеринска, која е носителка во Изборната единица 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.