Здружението на Полјаци во Република Македонија – Клуб „Полоња“ ќе го одбележи дведеценискиот јубилеј со пригодна културно-уметничка програма.

Прославата ќе се одржи вечерва од 19 часот во Музејот на македонската борба, а на програмата ќе бидат дела од Шопен во изведба на пијанистот Глигор Гелебешев и Јасна Аврамовска-Костенарова.

Ќе бидат доделени благодарници на повеќе истакнати личности од нашата втора татковина – Македонија, кои подигнаа многу мостови на соработка меѓу нашите две пријателски земји и направија да се чувствуваме пријатно во текот на нашите животи, отворајќи го богатството на разноликоста и подавајќи раце за прифаќање на помалку познатото кое го донесовме со нас – соопштија од Клуб „Полоња“

Клубот „Полоња“ има ограноци и во Гостивар-Тетово, Охрид-Струга и Струмица-Радовиш каде што младите генерации подолг период имаа можност да го изучуваат полскиот јазик и да се организираат културно-уметнички програми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.