Вооружен со мобилен телефон и со пропадната идеја да го спопадне претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на „тајна средба“ во руската мабасада, Саше Политико се лизна на професорската финта на Мицкоски.

Како професор пресретнат од студенти со вообичаените прашања „кд ќе е испит“ или „потпис, професоре“, Мицкоски расположе застана и му одговори на Саше Политико што барал во амбасадата, колку време се задржал и за се разговарало. Навикнат да го избегнуваат, да не добива одговори, а потоа да плете бомбастични заговори против „спопаднатите“, Политико остана подзинат пред руската амбасада да ги негува раните од бомбастичниот наслов што како петарда пукна во неговата рака.

Истото тоа подоцна, во текот на денот, беше соопштено и од прес-центарот на партијата, која објави соопштение дека Мицкоски и Тимчо Муцунски дента оствариле повеќе средби со странски амбасадори, од кои првата беше со британската амбасадотка Галовеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.