Како јазична гимнастика го оцени денешен „Политико“ спорењето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, поради што денес на министерскиот состанок на ЕУ најверојатно нема да се расправа за почетокот на преговорите со Македонија. Според „Политико“ тврдењето дека македонскиот не е посебен јазик туку регионална варијанта на бугарскиот е основата на спорот кој повторно ги загрозува европските перспективи на земјата. Притоа, ја отвора дилемата: Како безусловна одлука за почеток на преговорите стана одеднаш условувана од земја членка на Унијата, која и самата дала согласност за неа?
Според медиумот, бугарската блокада ги фрустрира другите земји во ЕУ бидејќи ги загрозува стратешките приоритети на Унијата во регионот и го зголемува влијанието наривалските сили како Русија, Турција, Кина и арапските држави од Заливот кои се сè поактивни.Но, како што забележува, тоа не е ништо во споредба со бесот што се чувствува во Македонија.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.