Изборите завршија, како што завршија, па иако се уште ништо не е дефинитивно, факт е дека овој парламентарен состав има повеќе мажи од жени. Поточно бројот на жени пратенички е помал во однос на претходниот парламантарен состав.

Имено од кандидатите за пратеници кои влегоа во новиот собраниски состав, 79 пратеници се мажи, а 41 пратеници жени. Доколку се спореди со претходниот собраниски состав во кој имало 75 пратеници мажи и 45 пратеници жени, ќе се види дека во овој собраниски состав повеќе доминираат мажите, па следува заклучокот дека сепак политиката останува машка работа.

Државната изборна комисија вчера ги објави резултатите од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија. Според нив, коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.