Политичките партии од денеска се враќаат на своите предизборни активности, откако денеска заврши прогласената тридневна жалост поради 14-те жртви од несреќниот пожар во модуларната болница во Тетово.
Владата претходно апелираше до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена. Партиите ова коректно го испочитуваа и се воздржаа од предизборните промовирања и активности.
Владата во четвртокот прогласи тридневна жалост до сабота поради пожарот во модуларната болница во Тетово. Тридневна жалост прогласи и Советот на Општина Тетово.
За време на деновите на жалост знамето на Република Македонија беше истакнато на половина копје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.