Софија Куновска за состојбите во културата и за лицемерието на власта. Наместо да го реализираат она што им го порачуваат Тамара и Љубо, да го исчистат воздухот, направија уметниците да се чувствуваат лошо во оваа земја, пишува актерката Куновска.

Се молат политичарите, особено оние од власта, да не глодаат од успехот на „Медена земја“ прилепувајќи се со разни поздрави и честитки, туку да се фатат за работа и да го реализираат тоа што им го порачаа Тамара и Љубо, да го исчистат воздухот.

Покрај тоа, исто така, би било пристојно да се подзамислат дали не е срамно лицемерие да ја баталиш културата и да ја сместиш на најзафрлените маргини на општеството, да ја понижуваш со поставување најчесто неквалификувани и неспособни залутани кадри, министри, советници, заменици-министри и разни „фактори“ кои во најголема мерка се навреда за културата, а од друга страна да сакаш да го делиш успехот со вистинските уметници.

Срамно е.

Вие направивте се уметниците да се чувствуваат лошо во оваа земја.

Нивните маки и страдања се само нивни и затоа и успехот е само нивен.

Затоа, глејте си рекетот!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.