Од Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) го коментираат гостувањето на Началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, во емисијата „Став“.

Реакцијата на СПМ ја пренесуваме во целост.

„Да не биде дека Синдикат на полиција во Македонија само критикува,овој пат решивме да го пофалиме Началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ💖

Да дадеме збор два од неговото гостување во емисијата „Став“ на 22.05.2021.

„Визуелно кога го гледаш објектот на СВР Куманово, забележуваш дека се реновира и си велиш браво нова „ФАСАДА“ тргна работата! Браво и за намалените проценти во криминалитетот и случените сообраќајни незгоди, ЈРМ и се останато!“.

За сето Ваше изнесенување во емисијата може да Ви се восхитува само некој лаик, ново примен работник, повереник или Ваш должник.

Како добар обучен и образуван полициски службеник доколку некој внимателно го прегледа видеото ќе забележи дека:

Со мислите сте дезорентирани и нервозни,се потите и црвенеете, не сте сигурни во тоа што го говорите иако глумите смиреност, устата Ви се суши, а погледот Ви шара, па често не го гледате соговорникот во очи. Нервозата и несигурноста ја искажувате со Вашите раце со кои барате спас во пенкалото кое постојано ви паѓа.

Но, да не должиме со психолошките анализи‼️

Бидејќи немаше можност во живо да Ви се постави по некое прашање еве СПМ паралелно ќе ги аланизира прашањата поставени од водителката и нели ние како СИНДИКАТ имаме законско право да поставиме свои прашања и изнесеме мислење?

Од изнесените Ваши факти дека процентот на криминалитетот и случените сообраќајни незгоди е намален, може да кажеме дека „до некаде“ се точни. Но, тоа не се должи дека Вие сте биле ефикасни, ефективни и превентивно сте делувале за да истите се намалат и спречат, туку се резултат од воведување на честите полициски часови и карантини поради Корона кризата, а воедно анализите Ви се сведени само на 2019-2020 година од како пандемијата почна, па од тука неможе да се стави паралела за постигнат Ваш успех со анализите од пред шест или десет години.

– Дали пред да ги заклучите анализите со проценти, направивте анализа кои КД во кој период од деноноќие, викенд, од времен карактер и временски услови, најмногу се случуваат?

Доколку сте направиле,требало да извлечете заклучок и сумирате дека кривичните дела случени преку ден од прилика се на исто ниво, додека процентот опаѓа во ноќните часови и викендите кои од секогаш биле попогодни за вакви случувања.

– Каков намален криминалитет го сметате за малолетничката деликвенција и обезбедување на спортски натпревари? Кога сите знаеме дека училиштата беа во поголем временски период затворени,а движењето ограничено и многу спортски натпревари се одиграа во ограничен број или без публика⁉️

Ајде и сето ова да го земеме дека е се така, мирно е нема криминал, значи намален обем на работа нели?

Изнесовте дека поради Корона кризата сте морале да ангажирате луѓе од други Секторни подрачја НО НЕ КАЖАВТЕ ДЕКА „ЕДНИ ГИ ПРАЌАВТЕ ТАМУ, А ДРУГИТЕ ГИ ЗЕМАВТЕ ВАМУ“, од прилика сооднос иста бројка. Дали со тоа сакате да ја прекриете Вашата тенденциозност кон поедници од причини кои само Вие ги знаете па по судски постапки почнаа да ви паѓаат оправдувањата „ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СЛУЖБАТА“⁉️

Но затоа сме тука ние за да прашаме:

– Како ќе го оправдате влегувањето на луѓе од надвор, во буквален превод вработување на нов кадар?

– Кога МВР последен пат објави јавен оглас за вработување,па макар и по Ваш често користен термин „ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СЛУЖБАТА“ на лица од надвор?

– Какви се тие луѓе вработени по ДОГОВОР ЗА ДЕЛО и по кој ЗАКОН?

– Какви безбедносни проверки сте направиле и кој ги врши или се е фиктивно на хартија ставено за да имате покритие‼️

– Која е одговорноста на вработените со „ДОГОВОР ЗА ДЕЛО“? Која е нивната помош кон останатите вработени ако не смеат ништо да работат и не сносат никаква одговорност?

Да бидеме на јасно,ние како СИНДИКАТ не сме против нови вработувања ! НАПРОТИВ!

Ние сме против кршење на работничките основни права, што се докажува од фактот дека лицата вработени со „ДОГОВОР ЗА ДЕЛО“, некои повеќе и од две години, немаат право на ниту еден ден годишен одмор и боледување, не им се евидентира стажот,а воедно не им се плаќа пензиско и здравственото осигурување и немаат никаква заштита, а со тоа ни Вие одговорност кон нив!

Сме против селективните вработувања кои самите ги правите кој знае по кој критериум и „вработувате“ лица со несоодветно образование, дури некои ги поставувате на повисоки работни позиции, со што го кршите правилникот за напредување во службата по систем на кариера,а кај другите вработени будите демотивираност кој резултира со послаби резултати во своето работење!

Велите ги праќате на „обуки“ односно менторство ,што секој вратотен во МВР го знае квалитетот на таквите обуки и менторства од неколку дена, обуките не служат за да тие се стекнат со исцрпни знаења и вештини туку да повторат и доучат ако има нешто ново!

Зошто госпидине Началник, пред да вработите несоодветно од улица, не побаравте од секој досега вработен полициски службеник да Ви приложи диплома за завршено стручно и високо образование? Па од тука да сумирате, да разгледате, стаж, претходни резултати и потоа одлучите каде кој ќе поставите !?

Ќе се запрепастите Господине Началник колку полициски службеници се веќе и магистри излезени од државните Факултети за безбедност, економските и правни науки!

Дали Господине Началник, очекувате поголем квалитет од некој со приправнички стаж или без никаков стаж, со диплома за било што по струка од приватните факултети, кои преку ноќ им ги признавате, дека ќе даде поголем допринос во работата од колку професионалци со средно полициско училиште, кои во меѓувреме и некои се дообразувале, а воедно се вработени со 10,15 па и повеќе од 20 години, а кои Вие ги деградиравте преместивте на пониски позиции дури и надвор од место на живеење и секојдневно им покренувате незаконски дисциплински постапки за банални работи, со што ги демотивирате,па некои си дадоа дури и отказ, а некои се одлучни да си потпишат и предвремено пензионирање?

Ако ги анализираме сите Ваши реченици ќе излезе еден роман со прашања, подпрашања и одговори, дека се тоа што го говорите и не е баш така!

Може само да заклучиме дека Вие сте до сега НАЈЛОШИОТ Началник на СВР Куманово, кој не знае да менаџира, управува и правилно користи кадар за потребите на МВ односно за Куманово. Ќе останете можеби запаметени само по новата „ФАСАДА“ која го покрива срамот каде во прсториите Ви се наоѓаат разочарани полициски службеници со излитена и искината униформа и чевли, а воедно никогаш како до сега не биле со толку нарушени меѓучовечките односи, никогаш како до сега, никој ништо не работел, а секој работел се, но не и она што требал да го работи‼️

Ќе останете запаметени само за НАПРАВЕНИОТ ХАОС, А СПОРЕД НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА КОЛЕГИТЕ ПРОСЕКОТ ВИ Е ДОСТИГНАТ ДУРИ И НАД 100% ‼️

За жал Началниче ова не го зборуваат само членовите на СПМ кои Вие секојднево ги повикувате во својата канцеларија и уценувате да се одчленат од СИНДИКАТОТ. Ова го зборува секој втор полициски службеник во Куманово!

Симнете ги розовите очила Началник Стојанче, доколку сакате да имате успех, почнете да слушате секој еден вработен што зборува и има потреба за да биде задоволен и почне професионално да си ја извршува работата, а не само вашите „ПОВЕРЛИВИ“ новодојденци и доушници‼️

Ви препорачуваме материјалот по предметот Безбедносни стратегии и менаџмент кој сте го учеле на Факултетот за безбедност, а изгледа сте го подзаборавиле да си го повторите доколку сепак одлучите и сакате да станете „успешен“ НАЧАЛНИК во нешто во кое што не веруваме‼️

НЕКА ВИ Е СО СРЕЌА НОВАТА ФАСАДА“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.