Синдикат на Полиција во Македонија сериозно во изминатиот период ја разгледува можноста  на Министерството за Внатрешни Работи  да му достави предлог за Колективно “Само распуштање” а не “Метла” која од пред некој период  ја промовираше Премиерот Зоран Заев бидејќи проблемите со кои се соочува а ние сме укажувале на тоа секојдневно тежат како  планина, реагира синдикатот.
. Демантите кој некој упорно “МУ” ги лиферува на Министерството со секој изминат ден само стануваат тажна реалност. Овој предлог е сериозен и го доставувааме од тука со цел и намера да се отпочне со нормално функционирање на сите полициски организациски единици за кои постојано укажувавме дека се соочуваат со проблеми.
Синдикатот реагира што однадвор ги „украсиле“  и „нашминкале“ полициските станици а полициските службеници сеуште се возат во неисправни возила, униформата се уште ја нема комплет, зимата кај и да е доаѓа а младите колеги – бројка со над 2.000 илјади и понатаму ќе мрзнат со популарната летна јакна тешка не повеќе ни помалку од „200 грама“. До кога  полициските службеници ќе ги извршуваат службените задачи прошарани со униформа „кој од каде ќе се снајде“ и  до кога ќе се радуваме на донации.
(фото: Влада на РМ)
      Бараме најитно Министерот и Директорот на БЈБ да превземат мерки против ваквиот башибозук и неодговорно работење и некој конечно да сноси одговорност, ние не сме спремни повеќе да чекаме, ние сакаме резултати Веднаш! Што е толку тешко конечно после толку години да се распише тендер за сите видови на униформа и конечно да стане реалност?  Што е проблем функционирањето на ваучер системот
За крај повторно по кој знае кој пат ЈАВНО и тука писмено те прашуваме Министре Спасовски:
„Дали Министерството за Внатрешни Работи  и Вие сметате дека СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА е закана и од тие причини ја укина синдикалната членарина што е надвор од било кој пропис
Правдата е на наша страна. Секојдневно проблемите кои ги укажуваме испливуваат на површина, нашата цел не е само да седнеме во удобни фотељи и да се сликаме позади министерот на секој негов прес туку да се избориме за подобри услови за работа.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.