Владата донесе одлука да се воведе полициски час, потврдија за МИА од владината прес-служба. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид-19.
Воведениот полициски час ќе биде на сила секој ден од 22 часот навечер до 05 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.
Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а во Скопје секојдневно има се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники – изјави вчера министерот за здарвство, Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.