Владата на денешната седница го одобри предлогот на Кризниот штаб од полицискиот час да се скрати и да трае од 24:00 до 04:00 часот.
Новите мерки важат од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.
Владата на Фејсбук објави дека оваа одлука стапува на сила од 12 мај, но претходно беше најавено дека за верскиот празник Рамазан Бајрам на 12 спрема 13 мај, исто како за Велигден од 1 за 2 мај, нема да има полициски час.
Според новите мерки што беа предложени, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 04:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници.
Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките односно од 15 на 20 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.