Началник од МВР присуствуваше на партиски митинг на СДСМ. Дали местото на полиција и началник е на партиски митинг? Во неделата, на 24 октомври во рамките на предизборната кампања, СДСМ одржа трибина во Кочани на која свое обраќање имаше лично Зоран Заев. Помеѓу присутните партиски поддржувачи можеше да се забележи и началникот од МВР-Кочани, Александар Максимов. Иако е неетички и недозволиво службеници на МВР да се вклучуваат во кампања на политичка партија, во случајов на началникот Максимов таквиот неприфатлив потег е мотивиран и од фактот што неговата сопруга Ивана, како претседателка на Форумот на жени на СДСМ-Кочани е сега вече новоизбран за член на Совет на Општина Кочани.

Веројатно за ваквиот кариерен пробив на Максимова свој значителен придонес и заслуга има и началникот Максимов, кому не му е првпат да учествува на партиски настани на СДСМ. Минатата година на социјалните мрежи можеше да се заблежи објавата за одржан состанок на ОО на СДСМ-Кочани, на кој гордо и нескриено присуствува и самиот началник Александар.

Дали на овој начин СДСМ отворено ја купува лојалноста на службеници од МВР преку наградување со политички функции на нивни најблиски со што се подрива граѓанската држава и воведува целосна партиско-полициска контрола на системот?

Дека не се работи за изолиран случај, зборува и фактот дека и друг началник од МВР-Кочани, Петре Ѓоргиев – Пецо е познат по тоа што често присуствува на партиски собири на СДСМ и е во друштво со високи функционери на партијата, а чија сопруга исто така во минатото била истакнат функционер на Форумот на жени на СДСМ во Кочани.

За какви цели се (зло)употребува спрегата СДСМ-МВР преку задоволување на личните политички апетити на членовите од најтесното семејство на полициски службеници?

Дали началниците Александар Максимов и Петре Ѓоргиев-Пецо се исклучиво и директно мотивирани да одработуваат и полициски да вршат притисоци на овие избори во интерес на СДСМ, со цел да ги зачуваат своите и партиско-политичките позиции на нивните најблиски, имајќи предвид дека Заев изборите ги прогласи како судбински за неговиот опстанок во власта!?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.