Во агенцијата за медиуми веќе е отворена истрага, a засега Боки 13 не дал изјава заверена на нотар во која ќе потврди дека сонот сепак не му е исполнет, дека не е сопственик на медиум. Татко му и Ерцеговиќ се потпишале дека се тие сопствениците, јавува истражувачката емисија КОД.
Но истрагата на АВМУ не застанува тука. Ќе бара докази преку МВР, и тоа само поради тоа што има сознанија дека самиот Бојан Јовановски побарал заштита, да го чуваат полицајци поради заканите кој ги добивал како газда на 1 ТВ.
Ако се истражи името Бојан Јовановски на интернет сајтот на сите судови во земјава има што да се види. Човекот кој го доби својот епитет по манифестацијата 13-ка за најуспешните која ја организира уште како тинејџер, има многу пресуди.
Последно и не помалку интересно од она што може да се најде на судските сајтови е пресудата на вишиот управен суд, која открива дека Боки 13 се обидел да премине граница со поголема сума на пари скриени во чанта без да ги пријави што е спротвино на законот. Настанот се случил во ноември 2014 на Аеродром. Кога царинарниците го прашале колкава сума пари носи со себе тој кажал неодредено 5 – 6.000 евра.
Бил селектиран за детален преглед, при извршениот преглед пронајдени се 9.500 евра, од кои 7.500 евра пронајдени се во новчаникот кој се наоѓал во личната патна торба, а останатите 2.000 евра во плико кое исто така се наоѓало во патната торба. За девизите патникот изјавил дека поради незнаење на царинските прописи не поседувал никаков валиден документ за истите и за нивното потекло, пресуда на Виш управен суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.