Министерството за внатрешни работи презема активности за реализација на мерките и одлуките на владата, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој ги информира граѓаните дека:

✔️ Министерството за внатрешни работи ќе забрани пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“ од 18:00 до 6:00 часот од денес се до престанокот на важење на ова ограничување

✔️ Министерството за внатрешни работи презема мерки за разбивање на групи на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини

✔️ Министерството за внатрешни работи ги засили контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири и презема мерки за понатамошно спречување на вакви собири

Додаде и дека Министерството за внатрешни работи го организира редот на работење на своите вработени согласно барањата и потребите кои ги наметнува вонредната состојба која е прогласена на територија на целата државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.