Јасмина Ангелеска, која по 18 години служба го напушти Министерството за внатрешни работи и преку „Фејсбук“ објасни дека причините се „партиските послушници кои се на позициите пред сè за личен интерес“, е всушност полицајката која „се удри сама од пајакот“.
Случајот кој предизвика доста реакции во јавноста, зашто уште еднаш се премолча пред насилството и притисоците на функционерите, посебно од ДУИ, се случи во март 2018 година, кога при редовна контрола, полициската службеничка забележала неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата биле фотографирани, по што започнало нивно подигнување, но тогаш полицајката била нападната, како што се дознава подоцна – од функционерот на ДУИ Беќир Асани, чие непрописно паркирано возило било меѓу оние кои Пајак-службата ги кревала.
Само ден по нападот, случајот беше извртен со амин на тогашниот и сегашен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по што на крај беше соопштено дека нападот бил само вербален, а Јаначковска сама се удрила од возилото.
Системот повторно си потфрли. За жал никој не ја заштити и сите долеваа масло во огнот. Ова е заеднички неуспех, бидејќи се изгубивме кадар од кариера, а не од партија, се вели во коментарите на социјалните мрежи.
Во случајот „Пакај“ се вмеша и министерот Оливер Спасовски, кој ја прими тогаш Јаначковска и ѝ оддаде признани е за професионалното постапување. Спасовски потенцирал дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално, согласно нивните законските овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.