Сине мој, Кристијан, денес кога полниш 23 години повторно не сум со тебе како и пред 23 години кога дојде на овој свет. Тогаш државата имаше потреба и јас мислев дека ја правам исправната работа како и многупати потоа, ја почнува роденденската честитка за синот Митко Пешов од МВР, кој доби 15 години затвор за настаните во Собранието на 27 април.
Многу твои родендени ги пропуштив затоа што бев некаде таму мислејќи дека ја бранам државата. Еве денес сине мој повторно не сум со тебе затоа што денес дојде време државата на која ѝ го посветив животот и времето кое требаше да ви го посветам вам, да ми врати на свој начин повторно одвојувајќи ме од вас. Таа држава ти нанесе силен удар и тебе лично повторно повикувајќи се на моите „гревови“ за 25-годишното служење. Но, сине запамти ние сме сини и многу бури имаме преживеано и ќе ја преживееме и оваа и секогаш да бидеш со гордо крената глава затоа што немаш од што да се срамиш. Знам дека денес јас и ти сме речиси странци еден на друг и се надевам дека еден ден сепак ќе разбереш дека те сакам бескрајно и се додека сум жив ќе се борам за вас. Среќен роденден, сине.
Судијката Кацарска, која го судеше случајот „27 април“, ги посочи полициските службеници Пешов и Лазаров како соучесници во организирана акција.
Дел од оваа организирана акција неспорно се полициските службеници. Чавков бил известен за се, но не презел ништо. Не презеле ништо да се спречи насилното влегување во Собранието ни од Митко Пешов и Душко Лазаров. Полиција имало сосема малку на 27 април. Ниту го спречил насилното влегување во Собранието, ниту пак презел нешто да ги спаси пратениците од тепање и од опасност некои од нив како Зоран Заев и Зијадин Села да бидат убиени. Тоа не го сториле ни Пешов, ни Лазаров. Тие не само што не ги заштитија пратениците, новинарите и нивните колеги на 27 април 2017 година, туку дополнително им ги загрозија животите, кажа Кацарска пред да ги изрече пресудите.
Во февруари годинава Апелација му ја намали казната на 13 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.