Колеги нека ве нападнат е пораката која полициски службеник, им ја упати на своите колеги на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Порталот Охрид1 вчера објави видео на кое јасно се слушна повикот на полицицаецот кој се обидува да иницира инцидент.
До инцидент не дојде поради соодветната реакција на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев кој му одговори на полицаецот дека никој не сака да ги нападне и нема причина за тоа.
За потсетување ВМРО-ДПМНЕ трет ден по ред, ќе одржи протести во 10 градови. Од партијата велат дека протестите се одржуваат против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.