Полициски службеник е повреден во нападите предизвикани од демонстрантите кои протестираат против пресудата за „Монструм“ и пробаа да го пробијат полицискиот кордон. Судирот се случи пред ТЦ „Мавровка“, каде полицијата им го затвори патот до зградата на судот.

Организаторите на протестот ги смируваат страстите со одбранбена линија составена од демонстранти, кои се обидуваат да спречат ескалација. Сепак, полициските сили во неколку наврати беа нападнати, но ја задржаа својата позиција и не реагираа на провокациите од демонстрантите.

Повеќе:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.