Ние не сакаме избори без опозиција, но ако Мицкоски се одлучи на тоа, ние ќе покажеме што можеме да направиме во еден мандат без саботажи. Вака вчера Зоран Заев реагираше на прес-конференцијата на која Христијан Мицкоски порача дека не постојат услови за избори на 5 или 8 јули бидејќи нема присуство на набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР и дека мора да се создадат услови да се заштити здравјето на граѓаните при гласањето.
Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од од избори ниту на 5 ниту на 8 јули, jaсен беше Мицкоски.
Тој посочи дека ОБСЕ не праќа набљудувачка мисија туку оценувачка мисија. Тоа е степен подолу од набљудувачката мисија и најрано што можат да дојдат е 17 јуни.
Мицкоски оцени дека првиот можен датум за избори е средината на јули и повика Заев да не прави притисоци за избрзани избори.
Но, за претседателот на СДСМ и овие десетина дена разлика се премногу да почека. Вчера, на ден кога имаше 162 новозаболени и деветмина мртви со неговата објава уште еднаш потврди дека нема да има обзир кон никого, посебно не кон граѓаните.
Заев се дрзна дуру и да не ги ни спомене набљудувачите туку е дециден дека ќе оди на избори ако треба и без опозиција и да владее уште еден мандат.
Можеби и ќе беше зачудувачки ваквиот однос доколку слично сценарио не понуди и со Референдумот за името на Македонија. Со трисмислено и нејасно прашање граѓаните не паднаа на неговите игри и не излегоа да го дадат својот глас за погубните политики. На крај СДСМ самите прогласија за успешен референдум кој сите други релевантни институции го нарекоа дебакл.
Заев повторно игра на картата на мала излезност, со засилен поткуп на гласачите, со терање на кампања дури и кога таа со Уредба беше забранета.
Него му одговара ваквата нова политичка криза, како нарачан дефокус од здравствената и економската, кои веќе ја турнаа Македонија на нозе.
Во неговото последно интервју за ТВ21, тој кажа дека е подготвен на помала излезност. Значи му одговара тоа што граѓаните се плашат да излезат и во вакви услови да гласаат. Тоа значи дека би излегле само неговите слепи следбеници, партиски војници и бизнис партнери и тврдото партиско членство на ВМРО-ДПМНЕ од другата страна.
И тоа е тоа. Токму тоа и го сака Заев. Бидејќи оние кои поверуваа во сите негови лажни ветувања во текот на кампањата во 2016 година сега не може да ги залажува. А, и со тие лаги тогаш загуби со 2 пратеника.
Што може да очекува сега?
Затоа Заев нема да отстапи од намерата да организира избори во која народот ќе се плаши да излезе да гласа, а набљудувачките мисии нема да бидат присутни да ја регистрираат потенцијалната изборна кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.