Во опуштена атмосфера, со дружење, непосредни разговори со гостите и музика, синоќа во старата битолска чаршија “Поинаку” ги презентираше своите кандидати за членови на Советот на Општина Битола, како и идеите и проектите кои сакаат да ги реализираат.

Чиста животна средина, добра инфраструктура и зголемен економски развој се приоритети на граѓаните, па затоа се и приоритети во нашата програма. Квалитетно образование, кариерни советувалишта, уредени паркови, велосипедски патеки, бројни културни манифестации, спортски сали,терени и настани, се само дел од она што е содржано во програмата која е изработена од битолчани. Остануваме доследни на тоа што одамна сме го ветиле, а тоа е дека ќе бидеме Поинакви од сите други, такви остануваме и понатаму, велат од советничката листа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.