Битола е еден од најспортските градови, со светски познати спортски имиња, со спортисти и клубови кои имаат значајни достигнувања на домашен и меѓународен терен. Секогаш било така, а така е и денес, но денес покрај ракометот, кошарката, фудбалот, Битола изобилува со млади луѓе кои професионално и рекреативно се занимаваат и со спортови од т.н. понова генерација, велат од Поинаку.

Неопходно е да се зачува и реставрира она со кое располагаме. Реновирање и обнова на спортските терени во сите училишта на територијата на Општина Битола, како и реставрирање на стадионите во руралните средини.

На битолчани им треба сала за атлетика и гимнастика, нова сала за бокс, пинг-понг сала, тартан патека за трчање, фитнес -рекреативни зони на повеќе локации во урбаните и руралните средини, адреналински парк, на Битола и треба вистински скејт парк и болдер парк.
Со ревизија и перманентен увид на финансиското работење на сите клубови во кои општината вложува финансиски средства, ќе се започне со правична распределба на средствата од буџетот на Општината, а ќе се искористат и сите дополнителни можности за помош и развој на сите спортови во Битола, велат од Поинауку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.