Битола ја има на располагање најубавата планина, со Националниот парк Пелистер, Битола има голем број вљубеници во планината и планинарските спортови, а речиси 10 години нема планинарски дом. Битола го има и ПСК Пелистер како едно од најстарите планинарски друштва, со долгогодишна традиција, бројни активности низ годините и голем број на членови.
Развојот на планинарењето, зимските спортови и планинскиот туризам се дел од политички кампањи, кои остануваат празни ветувања.
За да не останат празни ветувања, „Поинаку“ и ПСК Пелистер на заедничка средба потпишаа Меморандум за соработка со кој се обврзаа дека заеднички ќе работат во насока на остварување на цели кои се во интерес на битолчани:
– Активно вклучување во решавање на процесот поврзан со оспорување на сопственоста на Планинарски Дом КОПАНКИ, преку активно учество и лобирање заради постигнување на договор помеѓу ПСК – Пелистер Битола, Општина Битола и Влада на РСМ.
– Активно помагање од секој аспект на активностите на Здружението заради развој на планинарството, скијачките спортови и останати активности.
– Иницирање на постапка за Воведување на факултативни посети на промотори на ПСК Пелистер Битола на градинките, основните училишта и средните училишта на локално ниво со цел промовирање на планинарството и скијачките спортови кај младите битолчани.
Копанки е симбол на Битола и Битола мора да го обнови местото кое е спој на сите генерации, местото кое е култно за битолчани не само заради планинарските и скијачките активности, туку и заради пропратните активности кои што опфаќале организирање на разни забави, вечеринки и седенки, местото полно со спомени и место кое и понатаму треба да создава спомени за идните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.