Асфалт кој се распаѓа, дупки, обраснат со трева, без никаква сигнализација – ова е патот кој не поврзува со соседна Грција, односно со Европска унија. Патот од Битола до граничниот премин Меџитлија не е реконструиран откако е направен, иако сите претходни власти најавуваа негова реконструкција и модернизација, велат од движењето Поинаку, независна советничка листа за Битола.

Како локална власт ќе ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање за конечно да се реализира реконструкцијата на овој патен правец кој е од витално значење за развој на економијата и туризмот во Битола и регионот. Потребна е реконструкција и на влезовите во градот, со што истите ќе добијат функционалност каква што е потребна, но и претставителност соодветна на Битола.

Со здрава патна инфраструктура, неопходно е конечно нивелирање на уличните шахти. Ќе формираме посебни приоритетни тимови во јавните претпријатија за редовно чистење на затнатите и нефункционални шахти, нивно нивелирање и санирање на ударните дупки на улиците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.