Расте бројот на битолчани кои размислуваат поинаку, велат од граѓанската иницијатива „Поинаку“, кои годинава освоија три советнички места во Општина Битола.
Пред четири години за првпат во Македонија во град со над 40.000 жители независната листа на „Поинаку“ имаше 2.969 гласа со што освои две советнички места во Советот на Општина Битола.
Нè игнорираа, саботираа, не ги слушаа нашите идеи, ги одбиваа нашите предлози, дури и нè напаѓаа и омаловажуваа. Останавме конструктивни и продолживме да бараме решенија за проблемите на нашите сограѓани.
Четири години подоцна според изборните резултати „Поинаку“ е на третото место по број на гласови 4.331.
Денес, со уверенија за избрани 3 советници во општинскиот совет од нашата листа уште еднаш сакаме да им се заблагодариме на сите кои на било каков начин нè поддржаа, веруваа во нас и го дадоа гласот за „Поинаку“. Ќе ја направиме Битола поинаква!, ветуваат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.