И независната советничка група „Поинаку“ денеска ја започна кампањата за локалните избори. Во духот со името – поинаку. Со утринско кафе и весник, она шшто е поим за битолчани.

На поинаков начин онака како што им доликува, кандидатите за членови на Советот на Општина Битола од Поинаку официјално ја започнаа кампањата за локалните избори. За разлика од партиите кои веќе одамна се во кампања “Поинаквите” го чекаа официјалниот, законски старт на истата. Утринско кафе и весник е поим за битолчани, па токму така стартуваше и нашата кампања. Програмата на креативен и културен начин е напишана ни помалку ни повеќе туку во вид на весник, на чии страни се содржани потребите на нашите сограѓани, решенија на проблемите со кои се обратиле до нас, но и проекти кои значат оживување на нашиот град. Битолчани секогаш денот го почнувале со кафе и весник на Широк Сокак. Традицијата мора да продолжи и Битола да биди ослободена! Новиот весник на Битола се вика Поинаку, а Поинаку е последната шанса на Битола! – велат од Поинаку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.