До 13 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 269.684 гласачи, односно одѕивот е 24,87 отсто. Излезноста е поголема од минатиот прв круг, во ова време. Во Вевчани, Ранковце, Демир Капија има најголема излезност. Од скопските општини, Карпош има најголема излезност. Доста мала излезност има во Сарај со 9,84 отсто излезност, па Теарце со 15,85 и Шуто Оризари со 15,8 отсто излезност.
Имаме многу мирен избирачки ден. Прилично солидна, добра излезност. Немаме пријавено дека има редици. Јас и лично гласав сега. Минатиот пат чекав 1 час, а сега ни пет минути – рече Даштевски
Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.
Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.