Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ минатата недела оствари средба со архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, каде архиепископот дал целосна поддршка на овие професии. Унијата на ЗМСТАС пак изрази благодарност што медицинските сестри ќе бидат спомнувани во неговите молитви.

Поминуваме низ многу тежок период кој долго трае и ќе трае. Ние самите најдобро знаеме низ што поминуваме и како се чувствуваме со оваа состојба на работните места, а посебно во ковид центрите. Се ќе помине, и тешкото и маките, но ѕвездите ќе останат. Затоа ајде заеднички да ја подигнеме свеста и да се грижиме едни за други. Да се стремиме кон доброто, да се свртиме кон надежта и да се сплотиме во мир во ова тешко време, се наведува во соопштението на Унијата на ЗМСТАС.

Во оваа хумана професија, како што посочува Унијата, храброста и емотивноста се носечките столбови и токму тие ги раѓаат чувствата за единственост и сплотеност.

Ајде сите заедно да испратиме порака за да се чуе гласот на медицинските сестри. За нашите потреби, за незадоволствата, за нанесените неправди и за се она што не држи на дното, велат од Унијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.