Најдобрите дипломирани студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе добијат пофалници и пригодни награди за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година.

Доделувањето на пофалниците и наградите ќе биде пред платото на Ректоратот на УКИМ.

Како што информираат од УКИМ, исто така, на редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година ќе им биде врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.