Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 нови приговори до ДИК за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговори.

Вечерва во 19 и 30 часот завршува 48 часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригвори за постапката за гласање.

СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. Најавени се приговори од други политички партии, но тие се уште не се пристигнати до ДИК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.