Како и обично, крајот на годината е периодот кога претседателот на земјата, врз основа на неговите уставни овластувања, има можност да амнестира лица кои издржуваат затворски казни од различни причини, додека амнестијата се прави врз база на законите што се на сила и целата постапка се спроведува преку Министерството за правда, пишува Журнал.мк
Oваа година до претседателот Стево Пендаровски има поднесени вкупно 174 барања за амнестија на затвореници, објавува новинската агенција Журнал, повикувајќи се на извори од Кабинетот на претседателот.
Постапката за амнестија се спроведува по барањето на осудените лица, кое се доставува до Претседателот на Република Македонија преку Судот што ја донел одлуката во прв степен со која е изречена санкцијата – објаснуваат од Кабинетот на претседателот за Журнал за тоа како оди процедурата на барањата за амнестија.
Постапката понатаму продолжува во Министерството за правда.
Веднаш по приемот на барањето, министерот за правда го разгледува заедно со другите документи и заедно со предлогот го испраќа до претседателот на Републиката – велат од Кабинетот на претседателот.
кога ќе ги добие барањата, Претседателот со одлука формира Комисија за амнестија каде што секое барање се разгледува одделно и дава мислење за секој предлог на министерот. Потоа претседателот донесеува конечната одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.