Партијата на Обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ ѝ дава јавна и отворена поддршка на проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија.

Проф. Силјановска Давкова е докажана личност во својата професија како универзитетски професор, но уште повеќе како човек кој секогаш е на страната на правдата и доследното почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Токму сега на нашата држава и е потребен претседател кој институционално ќе се бори за исправување на националните неправди кои и се случија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатиот период. Општинските организации на ПОДЕМ ќе се вклучат активно во изборната кампања за сеопфатна промоција и поддршка, со иденствена цел, проф. Гордана Силјановска Давкова биде петтиот претседател на Република Македонија, пишува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.