До партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ пристигна кандидатура за претседател на партијата потпишана од 50 делегати за Христијан Мицкоски. Мицкоски е единствениот кандидат за претседател на конгресот на партијата, закажан за 12 декември.

Поддршка за Мицкоски даде портпаролот на партијата, Димче Арсовски.

Република Македонија заслужува модерни политики, кои ќе ја вратат на патеките кон заедништвото, без поделби, силен економски просперитет и развој, како и креирање политики за нашата иднина и иднината на нашите деца.
Hristijan Mickoski има таков план, има трпение, знаење и енергија за да сите заедно во иднина го реализираме сето тоа и како генерација политичари да оставиме зад себе, а пред се да ја поставиме иднината на државата на здрави нозе и да ја градиме понатака.
Последните избори се резултат дека политиките и мудроста на Мицкоски во овие најтешки времиња (изминатите 5 години), граѓаните ги препознаа како победнички и вистински за иднината на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.
Моја безрезерна поддршка за Претседателот Мицкоски да продолжи да ја води ВМРО-ДПМНЕ во нови победи и она што е најважно, да продолжи како и до сега да не отстапува од принципите. 💪💪💪, напиша Арсовски на Фејсбук.

Мицкоски доби поддршка и од претседателот на општинскиот комитет Гази Баба, потписник за номинација на претседателот Христијан МицкоскиБобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.