Eдинствениот пункт во Струмица во кој се земаат брисеви за Ковид-19 се наоѓа во центарот на градот до станбена зграда. Просторијата во која што се земаат брисови е на општината, а внатре се вршат услуги за потребите на центарот за јавно здравје, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочува Јадранка Поцкова, во зградата има 8 станови чии влез е на само неколку метри од влезот на пунктот.

Станарите од зградата, како и околните куќи како и таксистите кои се лоцирани тука реагираат бидејќи надвор секојдневно чекаат луѓе за брисови кои се потенцијални носители на вирусот, особено што доаѓаат пациенти за контролни брисеви кои се позитивни на вирусот – вели Поцкова.

Таа додава дека иако влезот на пунктот каде што се земаат брисевите е од  надвор, станарите на зградата со број 39 на улица Димитар Влахов се загрижени, бидејќи, како што велат луѓето доаѓаат во контакт со пациентите кога поминуваат тука, некогаш го грешат влезот, а често седат и на скалите на самиот влез.

Ништо не се менува во СДСМ. Продолжуваат со негрижа кон граѓаните, единствено што ги интересира е како да останат на власт и да продолжат со расипничкото однесување.

Толку ли е способен министерот Филипче кој не може да најде соодветна локација во цела Струмица, локација која нема да ги изложува на ризик граѓаните, туку мора единствениот пункт за земање на брисови за Ковид да е до станбена зграда. Ни Заев, кој беше долги години градоначалник на овој град, не може да најде соодветни простории за оваа намена.

Ова е недозволиво, срамно и неодговорно.

ВМРО-ДПМНЕ застанува зад безбедноста на граѓаните кои живеат во оваа околина и кои се изложени за ризици заради неспособноста на власта.

Итно бараме, министерот за здравство Филипче и поранешниот градоначалник на Струмица Заев да изнајдат нова и соодветна локација за оваа намена – порача Поцкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.