Денеска официјално започнува кампањата за избор на градоначалници на Штип и Пласница за изборите за кажани на 13 декември. Кандидарани се петмина, доктор, пензионер, професор, осигурителен агент и евангелиски проповедник.
Кандидати за градоначалник се: Симон Поликарп од Интегра-Македонска кознервативна партија, Сашко Николов од СДСМ, Трајче Митев независен кандидат, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“ и Лазар Наумов од партијата ТМРО.
Кандидати за градоначалник на Пласница се Алија Јахоски од ДУИ и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците.
Поради актуелната состојба со коронавирусот, нема да има митинзи и собири по населбите, а промоцијата на програмите ќе ја прават преку медиумите, социјалните мрежи, билборди, а флаери ќе се делат на дистанца.
ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е важно. Од истеи причини на изборите нема да учестввуаат и Алијанса за Албанците, Алтернатива, Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица.
Изборната кампања почнува од денеска, а ќе трае до 10 декември. Болнитe од ковид и оние кои имале контакт со нив ќе гласаат на 11, болните и изнемоштени и осудените лица на 12, а на 13 декември е првиот изборен круг.
Ковид-болните и изолираните за гласање ќе се пријавуваат по електронски пат, додека болните и изнемоштени лица рокот за доставување на документацијата им е до 5 декември.
Изборите во Штип и Пласница се рапишани откако нивните градоначалници, Благој Бочварски и Исмаил Јахоски беа избрани за пратеници, а Бочварски потоа беше и назначен за министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.