ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од собирањето потписи за поништување на донесениот Закон за попис. Вчера на седница на Извршниот комитет била донесена одлука утре да почне Иницијативата за собирање потписи. Партијата останува и на барањето, ако веќе пописот мора да се спроведе пролетва тоа да се направи по електронски пат.
-Во текот на вчерашниот ден со Извршниот комитет беше донесена одлука за да започне Иницијативата за собирање на потписи. Се почнува со Иницијатива за собирање 100 потписи во подрачните едниници на Државната изборна комисија. Откако ќе се соберат 100 потписи се доставуваат до спикерот во Собранието, а потоа иницијативата се препрача во матични комисии. Откако ќе се констатира комплетноста на првите 100 потписи тогаш се известува претседателот на Собранието, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додавајќи дека по ова течат натамошните постапки за собирање на потписи за поништување на Законот за попис. Формалното собирање потписи, како што рече, би можело да се очекува на почетокот на следниот месец.
Партијата, вели останува на ставот дека попис со теренски посети во услови на пандемија не треба да има.
-Хрватска го одложи пописот, соседна Бугарија го одложи пописот, Германија и Романија го одложија пописот бидејќи ним им се важни животите на граѓаните за разлика од нашата Влада на која не и се битни животите на нашите граѓани, рече Мицкоски додавајќи дека ништо во земјата нема да се смени ако пописот се одложи за некој месец.
Сепак, како што посочи, ако се инсистира на одржување на пописот во април, тој треба да се спроведе електронски.
-Нашиот апел е ако веќе насилно сакаат да го протнат овој процес на попис тогаш тој нека биде електронски а не ваков со загрзување на здравјето на граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.