Претседателот на СОНК, Јаким Неделков преку социјалните мрежи информира дека почнале жестоки притисоци врз вработените во градинките поради најавениот штрајк за понеделник.
Вработените во детските градинки се под голем притисок од страна на директорите на установите, кои бараат списоци на штрајкувачи, ги заплашуваат со заменски работници, заплашување со откази, казни и т.н. а поттикнати од испратеното писмо од МТСП до нив, “разбирливо”, без потпис и печат, пишува Неделков.
Тој ги охрабрува да не подлегнуваат на притисоци и закани и ги поттикнува ваквите ситуации да ги пријават.
Правниот застапник на СОНК ќе постапува по однос на вашите преставки и ќе следуваат кривични прикави кон оние кои се обидуват да го попречат штрајкот. Кривичниот законик предвидува и затворска казна за таков прекршок, посочува Неделков.
На 30 март од СОНК објавија дека по одржаната седница донеле одлука за генерален штрајк кој ќе започне на 11 март.
Од СОНК најавија дека одржување на генералниот штрајк, би се одвивал во сите установи од дејностите детска заштита, основно и средно образование, во кои има членови на СОНК, како и во установи каде што по пат на солидарност би се приклучиле и други вработени.
Штрајкот би бил класичен, а тоа значи дека вработените кои ќе бидат во штрајк, нема да вршат прием на деца во градинките, нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно-образовниот процес, информираа тогаш од Синдикатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.