Шеесет и осум ученици од предвидените 69 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, покажаа резултатите од скринингот кој денеска се спроведе во тоа училиште. Скрининг денеска се спроведе и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Денеска се тестираат 258 средношколци од Скопје, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Вкупно, 8.178 ученици од 80 општини и градот Скопје, од 364 основни и 109 средни училишта низ земјава ќе бидат опфатени со скринингот за рано детектирање и превенција од ковид-19.

Тестирањето се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а се зема брис од нос и од уста.

Денеска во средното училише „Зеф Љуш Марку“ почна скринингот за Ковид-19 каде беа опфатени 68 ученици од предвидените 69 ученици. Имавме потпишана согласност од родителите и со тоа бевме во можност и дадовме согласност да се тестираат нашите ученици. Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас и за нашите ученици, за да бидеме сигурни дека тие се негативни за нашата безбедност. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни и не израдува веста дека сите се негативни, изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје-Скопје во изјава пред Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

Во првото училиште „Зеф Љуш Марку“ одлично поминавме во однос на организациски аспект, во однос на соработка со децата и одговорните таму и сме презадоволни и се надеваме дека и тука ќе биде така и сите наредните денови на овој начин ќе се одвива. Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични тестови до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви со кои ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија кога ги носат, истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи. Така што не е ништо болно. Веќе две години земаме брисеви ниту настанала повреда, ниту рана, значи се тоа е внимателно направено. Во училишето „Зеф Љуш Марку“ немаше позитивен резултат. Нашата екипа е само во овие две училишта, додаде Јанкуловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.