Во Собранието попладнево почна свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

На свечената седница на Ратификацијата на Северноатлантскиот договор свои обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Парламентот Талат Џафери, техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на „независната пратеничка група“ Нола Исмајлоска Старова, пратениците на Алијанса на Албанците Сурја Рашиди на Алтернатива Африм Гаши, на БЕСА Фадил Зендели и на ДПА Мерал Ферати.

По гласањето пред пратениците и присутните ќе се обрати и претседателот на ПС-НАТО Атила Местерхази.

Во Собранието се присутни Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во ПС НАТО, Василика Хуси, потпретседател на албанскиот Парламент, Цвета Карајанчева, претседател на бугарското Собрание, Генци Ниманбегу, претседател на Парламент на Црна Гора.

На седницата поканети да присуствуваат се и поранешни претседатели, премиери, лидери на политички партии, како и претстатвници од општествениот и јавниот живот и дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадори од земји членки на НАТО.

По ратификацијата во 16 часот планирана е церемонија на подигнување на знамето на НАТО пред Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.