Министерот за здравство Венко Филипче образложи дека со овој закон се ограничува сумата која пациентите ја плаќаат во приватните болници. Ограничувањата, како што објасни, се на ниво на цените на пакетите што Фондот за здравствено осигурување ги плаќа кон здравствените установи, а тоа е од 40 до 300 000 денари.

– Се забранува преминување на кадар од јавно во приватно здравство за време на прогласена пандемија и се надминува оној проблем кој произлезе од Законот за управување со кризи, кој укажуваше дека ресурсите на приватните установи во ситуација на криза, кога државата ги користи, за тоа наплаќа соодветен процент. Со законот, ресурсите се користат целосно бесплатно, појасни Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.