Почна примената на брзите тестови за Ковид-19, потврди за МИА, д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.
Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација во земјава што почна со изработка на брзите тестови. Станува збор за тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот.
Тестирањето почнало во 8 часот утринава и првите пациенти веќе ги имаат резултатите од тестирањето. Интересот за брзото тестирање е огромен и први слободни термини има за неколку дена.
Станува збор донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.
13 000 брзи тестови ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање – најави министерот Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.