На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.
Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, европската интеграција на земјава во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион и Европа.
По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција.
За време на официјалната посета, претседателот Дуда е придружуван од неговата сопруга, Агата Корнхаузер-Дуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.