Навреме се отворени гласачките места во Куманово и Старо Нагоричане, информираа претседателите на општинските изборни комисии. Претседателката на ОИК Куманово Бранкица Димковиќ, информираше дека сите избирачки места се отворени и граѓаните го остваруваат своето право на глас.
Во Куманово денеска право на глас имаат 93.986 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места
Гласањето е почнато и во општината Старо Нагоричане, информираше претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Маријан Даиловски. Во оваа општина право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.