Почна да пука асфалтот на најпромовираниот проект на Константин Георгиески, улицата „15 Корпус”, пишува „Охрид 24“.

Од локалниот охридски портал објавија и фотографии на кои се гглеа пропаднатиот и уништен асфалт, на улицата која се реконструираше пред само шест месеци.

 

Градежните активности за реконструкција на преостанатиот дел од улицата „15 Корпус“ се интензивираат, а тешка градежна механизација работи трисменски, дури и во ноќните часови за да се избегнат поголеми прекини во одвивањето на сообраќајот, информираа овој април од Општината.

Oд порталот објавија фотографии и од улицата „Јане Сандански“.

Улица “Јане Сандански” Охрид. Ред асфалт, ред бетон, ред плочки. Најдоброто за нашата општина, коментираат од Охрид24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.