Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека во ковид центарот во Тетово за време на овој страотен настан биле хоспитализирани 26 пациенти, а медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири медицински сестри.
12 пациенти кои се евакуирани безбедно од ковид центарот во моментов се хоспитализирани во болницата во Тетово и се во стабилна здравствена состојба, немаат последици од пожарот. Нема повредени ниту починати здравствени работници. На институтот за судска медицина се предадени телата на 14 пациенти за дел од нив е завршена обдукцијата, дел се одвива во текот на целиот ден. Починатите се на возраст од 29 до 79 години, информира Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.