Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на Ковид-19.
Заразените се регистрирани во следните градови: Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица. Тројца починати се од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно починато лице од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Починатите лица се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените починати лица, тројца се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.
Направени се 3.162 тестови преку: ИЈЗ-296, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-160, Биотек-159, Систина-76, лабораторија Лаор-132, Синлаб-32, Ремедика-25, Плодност–43, Генеа-10, Никоб лаб-283, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-68, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.361.
Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.