Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на Ковид-19. Во истиот период се починати 37 пациенти.

Во Скопје се регистрирани 174 случаи на Ковид-19, во Кавадарци-17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија по еден случај.

Од пријавените 37 починати лица девет се од Скопје (74г, 81г, 47г, 60г ,69г, 76г, 79г, 77г, 61г), шест од Прилеп (42г, 58г, 72г, 74г, 75г и 56г), по тројца од Тетово (65 г, 59 г и 57 г,) и Гевгелија (73 г, 65 г, и 56 г), по двајца од Куманово (90г и 67г) , Кавадарци (85г и 57г), Струмица (73г и 62г) и Виница (79г и 62г) и по еден починат од Битола (59г), Охрид (82г), Кичево (37г), Неготино (64 г),Свети Николе (79г), Крива Паланка (73 г) и Дебар (43г).

Триесет и шест пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Направени се 1.431 тестови преку: ИЈЗ-183, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-186, Авицена-0, Биотек-275, Систина-330, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 0, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 346.

Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.