Обвинителката Вилма Русковска вели дека е за прочистување на судството и на обвинителството, но да се откријат причините зошто застаруваат предмети, зошто имаме постапки по 15 години, кои се причините за тоа.

Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви случаи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичен законик , Законот за управните судови, мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор, рече Русковска во гостување на „Канал 77“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.