Во последното деноноќие во штипскиот Ковид центар борбата со корона вирусот ја изгубиле тројца пациенти. Двајца од починатите пациенти се од Штип на возраст од 51 и 63, а третиот е 68-годишен жител на Радовиш.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА информира дека во овој центар се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 50 на Инфективното и еден пациент на Анестезиологија, каде што се лекуваат тешките пациенти.
Неколку денови голема е и бројката на пациенти, кои се на кислородна поддршка, а во моментов та бројка изнесува триесет и девет пациенти.
Според статистиката на МВР, за периодот за едно деноночие на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 52 прекршоци.
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 109 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1075 лица со вакви решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.