Педест и осум пациенти се лекуваат на Инфективното и Кожно одделение во штипската клиничка болница.
48 пациенти се на Инфективното, а десет пациенти се на Кожно одделение, колкав што е и капацитетот – информира Марина Шуманска портпарол на Клиничка болница-Штип за МИА.
Овие пациенти на кожното одделение се со полесна клиничка слика или чекаат да им пристигнат последните тестови, за да заминат од болницата.
Во текот на изминатиот ден починати се двајца пациенти на возраст од над 50 години на Инфективното одделение. Станува збор за пациенти од Радовиш и радовишкото село Бучим.
Од денеска и интерното одделение во Кочани ќе прима Ковид пациенти. Со тоа капацитетот во Општата болница-Кочани се зголемува за дополнителни 16 кревети. Сега вкупно може да згрижат 44 пациенти со полесна клиничка слика. За пациентите во кочанската болница се грижат двајца интернисти и двајца анестезиолзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.